Винарницата „Тиквеш“ и нејзиното вино „Бела вода“ се најдоа на престижната листа на магазинот „М и М глобал“ меѓу стоте растечки светски брендови. „Тиквеш“ е единствениот бренд од Македонија и еден од трите од регионот, покрај „Вегета“ од Хрватска и „Улкер“ од Турција кој има потенцијал да стане глобално познат, пишува српскиот портал „Бизлајф“. Црвеното вино „бела вода“, од бербата од 2010 година е првото вино од регионот кое светскиот вински критичар Роберт Паркер го оцени со 94 од можни 100 поени. Листата на магазинот „М и М глобал“ не претставува рангирање според буџетот и профитот, туку според нематеријалните вредности на брендот. Категориите кои се земаат предвид се неочекуваност, каде што „Тиквеш“ освоил 5 од можни 10 поени, глобален впечаток каде што винарницата добила 3 поени, локална автентичност, која била наградена со високи 9 од 10 поени и влијание на општествените мрежи каде што исто така „Тиквеш“ бил оценет со 5 поени.
Винарницата „Тиквеш“ и нејзиното вино „Бела вода“ се најдоа на престижната листа на магазинот „М и М глобал“ меѓу стоте растечки светски брендови.
„Тиквеш“ е единствениот бренд од Македонија и еден од трите од регионот, покрај „Вегета“ од Хрватска и „Улкер“ од Турција кој има потенцијал да стане глобално познат, пишува српскиот портал „Бизлајф“. Црвеното вино „бела вода“, од бербата од 2010 година е првото вино од регионот кое светскиот вински критичар Роберт Паркер го оцени со 94 од можни 100 поени.
Листата на магазинот „М и М глобал“ не претставува рангирање според буџетот и профитот, туку според нематеријалните вредности на брендот. Категориите кои се земаат предвид се неочекуваност, каде што „Тиквеш“ освоил 5 од можни 10 поени, глобален впечаток каде што винарницата добила 3 поени, локална автентичност, која била наградена со високи 9 од 10 поени и влијание на општествените мрежи каде што исто така „Тиквеш“ бил оценет со 5 поени. Во подготвувањето на листата се консултирани бренд- експерти од целиот свет.
Списанието „М и М глобал“ веќе две децении ги следи промените во медиумското опкружување и многу е ценето кај маркетинг-професионалците и компаниите кои се на светскиот рекламен пазар. Овој магазин ги анализира глобалните теми кои влијаат на секој учесник во бизнисот, како што се цените, креативноста, ефективноста, грагментацијата, бизнис-моделите, мерењето на растот и други.